Битиќи: Финансиската поддршка на Владата за компаниите го зголемува бројот на вработени и придонесува за достојни плати

Bez autora
Dec 25 2023

Финансиската поддршка на Владата значи многу за компаниите, го зголемува бројот на работни места и ја подобрува материјалната состојба на компаниите и со тоа и на самите вработени.

Ова е пораката што му беше упатена на заменикот на претсетседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, при неговата посета на компанијата „Русе комерц“ во Гевгелија, каде што беше придружуван од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Според Битиќи, преку ЗФПИ нашите компании се поконкурентни и поразвниени бидејќи само така може да обезбедат достоинствени плати за своите вработени.

„Работниците се силата на нашата економија и на целото општество, затоа Владата, освен преку ЗФПИ, се погрижи во новиот пакет антикризни мерки да воведе мерка за достоинствени плати во приватниот сектор. Обезбедивме финансиска поддршка за субвенционирање на придонесите на нови и постојни вработени, за зголемување на платите на работниците од 3.000 до 9.000 денари“, рече Битиќи.

До сега Владата има поддржано 919 домашни компании за нивните инвестициски циклуси со реализирани 500 милиони евра инвестиции, подржани со 100 милиони евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik